Што е Cupcake сапун – Орев & кокос?
Овој неодолив сапун, со изглед на колаче-мафин, ќе ја направи вашата кожа неодолива, нежна како свила и со прекрасен мирис. Доколку сте љубители на колачиња, сигурни сме дека ќе се заљубите во овој мафин. Направен е со многу љубов и инспирирани од слатките задоволства во животот. Овој сапун е замена за 3 производи за нега на кожа како: сапун, лосион/крем ипарфем. Се состои од 2 фази: слатка тврда кора, прекриена со меки путери во форма на шлаг. Тврдата кора соджи пенлива смеса искомбинирана со органско ладно цедено масло, како и
30% цврсти, сирови јадливи ореви. Оревите овозможуваат мек пилинг на кожата и ја потхрануваат со омега 3 и омега 6 масни киселини, кој обезбедуваат совршен баланс на масниот слој на кожата. Овој дел ја чисти кожата од нечистотијата и ја исхранува со супер хранливи материи. Путерите во форма на шлаг ја одржуваат влажоста на кожата и се составени од: шеа путер, алое и авокадо. Овој слој ја прави кожата нежна како кашмир.
Иако е само сапун тој во себе содржи микронизирани честички на молекуларно ниво кои продираат подлабински во кожата, делуваат долготрајно.
There are no reviews yet.